Thursday, September 27, 2012


Џенифер Лин Лопез

Џенифер Лин Лопез е позната американска актерка , поп пејачка и танчерка. Родена е на 24 јули 1969 во БронксЊујорк, од родители со порториканско потекло: Гвадалупе Родригез и Дејвид Лопез. Има две сестри, Линда и Лесли. Посетувала католичко средно училиште каде што почнала да се занимава со спорт, а од 16 години започнала да посетува часови потанцување и пеење. Го напуштила школувањето после еден семестар на колеџ и целосно се посветила на танцувањето.
Нејзин прв позначаен настап како танчерка бил во популарното телевизиско шоу „Во живи бои“ (In Living Color), а нејзин прв познат филмски настап е во филмот „Воз со пари“ (Money Train). Како пејачка се проби во врвот на популарната музика со деби албумот „На 6-ка“ (On the 6) објавен на 1 јуни1999, како и со вториот албум „Џеј Ло“ (J.Lo).

Почетоци

Џенифер Лопез е родена и израсна во Касл Хил, кварт во БронксЊујорк. Таа е ќерка на Гвадалупе (мом. Родригез), воспитувачка во градинка и Дејвид Лопез, информатичар, и двајцата родени во Понсе, Порторико. Лопез израснала како припадник на Римокатоличката црква. Има две сестри, Линда и Лесли. Целото свое образование го помина во Католички училишта, завршувајќи го Preston средното училиште во Бронкс. Потоа, таа сама се грижеше за плаќањето на нејзините часови по пеење и танцување на возраст од 19 години. По запишувањето на Baruch колеџот, таа го распредели нејзиното време помеѓу работа во правна канцеларија, часови по танцување, и танцови изведби во ноќните клубови на Менхетен. Лопез имаше мала улога во филмот од 1987 година, My little girl. По неколку месечни аудиции за танцови улоги Лопез беше избрана како танчерка на различни рап музички спотови во 1990 година, за Yo!МТВ RAPS, како и бекап танчерка на New kids on the block во нивната изведба на песната "Games" за настапот на Американските музички награди во 1991 година. Таа доби своја прва постојана работа како "Fly Girl", танчарка на телевизиската комедија In Living Color во 1990 година. Набргу потоа, Лопез стана бекап танчерка на Janet Jackson и се појави во нејзиниот спот од 1993 година, "That's the Way Love Goes".

Приватен живот
Беше објавено дека на крајот од 2006 година Џенифер Лопез и Марк Ентони посетуваа професионални деловни часови во Church of Scientology Celebrity Centre во Холивуд, Калифорнија. Исто така имаше гласини дека Лопез и Ентони станаа сциентологисти во тој период, со помош на Angelo Pagan, сопругот на актерката и сциентолог Leah Remini. Пред да се рашират тие гласини Лопез имаше изјавено на NBC: „Јас не сум сциентолог, јас бев израсната како католик. Но, чуден е начинот на кој луѓето доаѓаат во сциентологијата. За мене тоа е толку чудно. Тоа се некои од најдобрите луѓе што сум ги сретнала во мојот живот." Таа додава: „Татко ми е сциентолог веќе 20 години. Тој е најдобриот човек што го знам во мојот живот и затоа чудно е за мене што луѓето сакаат да говорам за сциентолозите во негативна конотација.” На 7 ноември 2007 година, последната ноќ од нејзината турнеја "En Concierto", Лопез потврди дека таа и нејзиниот сопруг Марк го очекуваат своето прво дете. Со соопштението завршија месеци и месеци на шпекулации кои ја пратеа во текот на бременоста. Нејзиниот татко подоцна потврди (на 5 февруари 2008 година) дека таа очекува близнаци. Лопез, на 22 февруари 2008 година донесе на свет близнаци, девојче и момче, Emme Maribel Muñiz, и Maximilian "Max" David Muñiz. Близнаците беа претставени пред јавноста на 11 март 2008 во изданието на магазинот People, за што магазинот ѝ исплати на Џенифер 6.000.000 долари.

Бизнис


Лопез започна своја модна линија во 2003 година. Именувана како JLO од Џенифер Лопез, кон линијата беа вклучени различни видови на облека за млади жени, вклучувајќи и фармерки, маици, палта, каиши, чанти и долна облека, како и накит и галантерија што вклучува капи, ракавици и марами. Лопез учествуваше во кампања на Louis Vuitton, зима 2003. Во 2005 година, таа започна линија наречена Sweetface. Кон крајот на 2007 година, Лопез ја затвори J LO од Џенифер Лопез и отвори нова линија за тинејџери наречена JustSweet. Нејзините модни линии се појавија на многу настани на модните недели во Њујорк. Честата употреба на животинско крзно во нејзините модни линии и личната гардероба ѝ донесе презир од луѓето кои се занимаваат со правата на животните. На премиерата на Monster-in-Law , во Лос Анџелес, повеќе од сто демонстранти, од People for the Ethical Treatment of Animals (PETA) одржаа демонстрација за да се потенцира нивната загриженост. На 12 април 2002, Лопез отвори кубански ресторан наречен Madre’s, во областа South Lake, во Пасадена, Калифорнија. Лопез се појави и во индустријата за парфеми со нејзиниот прв парфем "Glow by J.Lo". Во октомври 2003 година, го претстави парфемот "Still", навраќајќи се на "Glow" претходната година, со пуштање на ограничена едиција " Miami Glow by J.Lo", во чест на нејзиниот усвоен роден град, Мајами. Лопез, исто така, на пазарот ги претстави и " Glow " лосионите за тело, како и производите за потемнување. За Божиќната сезона, 2005 година, таа пушти во продажба уште еден парфем, " Live by Jennifer Lopez ". За Денот на вљубените " во 2006 година, “Miami Glow" беше заменет со " Love at First Glow by J.Lo ". Нејзиниот следен мирис беше " Live Luxe " издаден во август 2006, проследен со " Glow After Dark" во јануари 2007 година. Следните парфеми од Џенифер Лопез беа: "Deseo", "Deseo Forever " за азискиот пазар и првиот мирис за мажи наречен "Deseo for men". Во февруари 2009 Лопез го претстави "Sunkissed Glow". Последниот парфем е "My Glow", која е достапен од октомври 2009 година. Лопез е портпарол за Lux шампоните во Јапонија, појавувајќи се во телевизиски реклами за производот. Лопез е сопственик на филмската и телевизиска продукциска компанија Nuyorican Productions. Беше ко-основана со нејзиниот менаџер Bennu Medina, кој се претпоставува дека требаше да добие половина од приходите на компанијата. Лопез се раздели со Медина многу брзо откако компанијата беше основана, но тие подоцна ги обновија нивните деловни односи. Од страна на магазинот “People en Español” Лопез беше ставена на насловната страна од „50 Најубави" во 2006 година и „100 највлијателни луѓе со потекло од Латинска Америка" во февруари 2007 година.